Третото олимписко издание на мешаната штафета во биатлон приреди огромна возбуда во самиот финиш.
Имено, Норвешка (1:06:45,6) се закити со второто злато во оваа дисциплина, откако, во самиот финиш, заврши пред Франција (+0,9) и пред Русија (+1,5).
Норвежаните ја оправдаа фаворитската улога со својот најквалитетен состав: Марте Олсбу Роиселанд, Тирил Екоф, Тарјеи Бо и Јоханес Тингнес Бо.
За Франција, златото од Пјонгчанг со сребро го заменија Ане Шевалие-Буше, Жулија Симон, Емилиен Жакелан и Квентин Фијо Маје.
Од друга страна, бронзен медал заслужија Улијана Нигматулина, Кристина Резцова, Александер Логинов и Едуард Латипов.
На четвртото место се пласираше Шведска (+41,0), која беше и последна селекција со заостаток помал од една минута.