
Последните трки пред почетокот на Тур д ски од Светскиот куп во крос-кантри беа денешните трки на дистанца од дваесет километри во Давос, Швајцарија.
Во женска конкуренција, најбрза скијачка беше Џеси Дигинс (48:43,2), која славеше по вторпат во сезоната и стана Американката со најмногу триумфи во Светскиот куп (14).
Зад неа, на подиумот завршија Ингвилд Флугштад Остберг (+5,5) и Роузи Бренан (+11,2), а во топ 5 се пласираа уште Тирил Уднес Венг (+11,7) и Ане Кјерсти Калваа (+36,8).
Во продолжение, заостаток под една минута имаа: Делфин Клодел (+38,5), Криста Пармакоски (+40,7), Надин Фендрих (+55,7) и Керту Нисканен (+57,6).
Кај мажите, Норвешка имаше потполна доминација, заземајќи ги првите шест места.
До победата на трката дојде Симен Хегштад Кругер (42:12,3), пред Ханс Кристер Холунд (+22,3) и пред Сјур Роте (+24,5), кои беа единствени што доцнеа под педесет секунди.
Позади нив, од нивните сонародници, завршија Дидрик Тонсет (+52,0), Јоханес Клебо (+52,5) и Ивер Тилдхајм Андерсен (+1:01,6).