Првата трка во историјата на Светските првенства во нордиска комбинација во женска конкуренција се одржа денес во германскиот Оберстдорф.
После скоковите на малата скокалница и после трката на пет километри, како победничка излезе второпласираната после првата серија – Норвежанката Гида Вестволд Хансен (13:10,4).
Сè до завршницата на трката, на второто место се наоѓаше Марте Леинан Лунд (+28,8), која доживеа пад и беше претекната од својата сестра, Мари Леинан Лунд (+13,8), која беше водечка после скокот.
Веднаш после норвешкото трио следуваше Јапонката Анју Накамура (+39,9), а како петтопласирана заврши шампионката на Светскиот куп – Тара Герагти-Моутс (+1:09,4).
📸 Markus Tobisch/SEPA.Media /Getty Images



