Во рамките на 25. коло од италијанската Серија Б, Козенца го изненади Кјево, совладувајќи го со 1-0.
За претставниците на јужна Италија, ова беше прва победа над неодамнешните прволигаши после 28 мај 2000, кога триумфираа со 2-0.
Имено, Кјево напаѓаше во текот на цел натпревар, но домашниот голман, Владимиро Фалконе, не дозволи ниту една од осумте прецизни топки да влезе во неговиот гол.
Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Еторе Љиоци (11′), кој се запиша во листата на стрелците по петти пат во сезоната.
Кјево е во сериозна резултатска криза, откако ги загуби сите последни три пресметки со по 1-0.
Лошата серија резултираше со пад на седмата позиција, додека Козенца, со новите три бодови, направи скок до шеснаесеттото место.
📸 calabria7.it