Трката за големата награда на Италија, возена во Монца, донесе неверојатни возбудувања.
Ботас и Ферстапен имаа лош старт што најдобро го искористија возачите на ,,Мекларен”, Саинц и Норис, кои ги преземаа втората и третата позиција.
Веќе после шестиот круг откажаа сопирачките на Фетел, по што следуваше безбедносно возило и бројни влегувања во боксот.
Во 27. круг, трката беше прекината по излетувањето на Шарл Леклер, кој за среќа помина без повреди.
Хамилтон заработи казна поради влегување во пит-лејнот при забранет влез, па мораше да остане десет секунди во боксот, по што падна на последното место.
Веднаш по рестартот, Ферстапен се откажа поради механички проблеми, а трката ја предводеше Пјер Гасли.
Освен Гасли, во последните пет години, само Антонио Џовинаци беше единствениот возач надвор од ,,големата тројка” (,,Мерцедес”, ,,Ферари” и ,,Ред Бул”) што водел барем еден круг на трка, а тоа датира од трката за големата награда на Сингапур во 2019.
До самиот крај следуваше вистински спектакл помеѓу Гасли и Саинц.
Гасли стана 109. победник во историјата на Ф1, ја запиша својата прва победа во кариерата, стана прв француски победник после Оливие Пани и ја оствари првата победа за ,,Алфа Таури” (,,Торо Росо”) после 2008, кога славеше Себастијан Фетел.
Саинц дојде до најдобриот пласман во својата кариера – второ место, а Ленс Строл го комплетира подиумот.
Во првите десет завршија уште: Норис, Ботас, Рикијардо, Хамилтон, Окон, Квјат и Перез.