Вечерва на турнирот во Атина, Грција екипите на Еурофарм Пелистер и АЕК откако во првите две кола славеа лесно против Анортозис од Кипар и Диомидис од Грција ќе се борат за трофејот. Натпреварот почнува од 18:00 часот, а АЕК и Еурофарм Пелистер ќе имаат реприза од финалето во Струга 2019 кое им припадна на Грците.



