
Сиетл Маринерс ја запишаа четвртата победа на последните пет средби, откако синоќа славеа над Оукленд Атлетикс со 2-1.
Атлетикс поведоа уште во првиот ининг, кога Тони Кемп освои четири бази по ударот на Шон Марфи.
Во продолжение, стартниот фрлач на Сиетл, Џорџ Кирби, беше одличен со девет освоени страјк-аути.
Домаќините дојдоа до конечен триумф со пресврт во последните два периоди, кој беше дело на Џастин Аптон (хоум-ран) и на Маркус Вилсон.
Во Американската лига, Маринерс (38-42) се наоѓаат на десеттата позиција, додека Оукленд (26-54) е последнопласирана екипа.