Наполи и Милан го одиграа дербито во кое што си ги поделија бодовите по ремито од 2:2. Први во водство беа гостите кои што во 20 минута со одличниот гол на Тео Хернандез со волеј стигнаа до 0:1 и ги казнија наполитанците за неколкуте промашувања. Сепак Наполи замина на полувреме со нерешен резултат од 1:1 со голот на Ди Лоренцо.
Во вториот дел домаќините направија целосен пресврт за водство од 2:1 со голот на Дрес Мертенс. Овој резултат не беше конечен затоа што Милан стигна до реми со голот од пенал кој го реализира Френк Кеси.
На ова дерби свои минути на теренот од 65 минута доби Елиф Елмас кој одлично ги искористи и се прикажа во светло издание. Елмас дури во 88 минута изнуди втор жолт картон од Стилемакерс со што Милан во финишот остана со фудбалер помалку на терен.