Најдобриот македонски маратонец Евгениј Поп Ацев и победник на Светската серија на Ултра маратони имаше соло маратонска трка во чест на легендарниот македонски маратонец Нико Нестор.
Делницата се состоеше од 7,15 километри и се одвиваше од Свонси марината па се до Мамблс Велс каде што Евгениј Поп Ацев веќе неколку години живее и тренира.
Евгениј Поп Ацев трката ја исплива за време од 1 час 37 минути и 14 секунди. Целта на трката беше да се соберат финансиски средства за хуманитарната организација „Нико Нестор“, кои ќе овозможат децата од финансиски ранливите семејства да добијат можност за часови по пливање и обука за безбедност на вода.

,,Пресреќен сум да објавам дека до денес со завршувањето на пливачкиот предизвик се собрани над 750 фунти за добротворната организација Нико Нестор.Условите беа одлични и навистина уживав во ипливувањето на делницата. Сакам да изразам огромна благодарност до сите кои ме поддржаа и помогнаа во остварувањето на оваа голема цел .Страницата е сè уште отворена за донации ако некој што сака да донира а не го сторил сеуште тоа” – изјави Евгениј Поп Ацев.