Егопет е домаќин на Мундијалот и домаќински без милост си ја завршија работата во второ коло против Македонија и сега во трето коло во директен дуел со Шведска ќе решаваат за првото место во групата Г и за што повеќе пренесување на бодови за наредна фаза. Што да се каже за Македонија. Повторно пораз, овој пат со понижувачки резултат од 38:19. Ние двоцифрен број на голови на натпреварот постигнавме дури во 41 минута, а во првите 30 минути имавме само 6 гола во противничката мрежа. Нашата репрезентација го доживеа еден од најсрамните порази во својата историја откако настапува на Светските првенства.
Нацијата, медиумите, фановите се крајно загрижени и згрозени од односот на теренот и бездушноста во која што настапуваат и ги бранат репрезентативните бои поголемиот број на ракометари. На прашањето што се случува, ниту играчите, а уште помалку селекторот имаат одговор на тоа едноставно прашање. Селекторот Данило Брестовац по новиот пораз кажа дека репрезентативците ниту се физички, а уште помалку ментално спремни за едно вакво големо спорстско натпреварување. Токму селекторот е надлежен од пионерите па се до сениорите и ако самиот преку цела година не ги спремил како физички така и психички одговорноста може само да си ја бара во себе. Исто така алиби не претставува непрофесионалната работа во клубовите или пак коронавирусот. Ова се мали финти на кои што Брестовац сака да си ја ,,спаси кожата” од одговорност.
Ова првенство е убава можност многумина од ракометарите туристички да го прошетаат Египет и да запознаат нова култура. Исто така за нив е можност и да се сретнат на терените со ракометни ѕвезди. Но дали имаме квалитет во директна битка да го совладаме Чиле и да се пласираме во наредна фаза и да обезбедиме уште три натпревари и тоа со силни селекции како што се Словенија, Белорусија и Русија. На ова прашање тешко дека некој од нашиот табор би излегол за прогноза и оптимизам, па ќе мора да го чекаме крајот на средбата во понеделник на 18.01. со почеток од 15:30 часот. Јужноамериканците не се светска позната ракометна сила, но односот и силите на теренот на досега виденото ни укажуваат дека треба да бидеме резервирани и претпазливи со прогнозите и само да очекуваме и надеваме дека ќе има позитивен исход. МОМЦИ ОВА НЕ Е ШЕГА, од најголеми народни херои, сега пред нацијата се прикажавте во очајно светло и сега имате шанса против Чиле да ја вратите довербата и чесно и одговорно да го носите државниот дрес.



