вторник, март 2, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Спартанците газеа! Македонија по втор пат во историјата на Европско

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
јануари 17, 2021
📁 Спорт

Македонските одбојкари повторно ќе играат на Европско првенство. Ја совладаа Турција со 3:1 (25:19, 21:25, 25:23, 25:18) и уште отсега обезбедија влез во континенталното елитно друштво. Никола Ѓорѓиев и Александар Љафтов одиграа маестрално, но имаа одлична поддршка од сите репрезентативци.

Капитенот Ѓорѓиев торпедираше со 24, Љафтов со 23 поени, Милев заврши со 5, Андонов и Николов со по 4, а техничарот Ѓорѓи Ѓорѓиев освои два поена. Македонската репрезентација одлично се бранеше од турскиот коректор Лагумџија и го задржа на 14 поени, а најефикасен беше примачот Субаши со 17 поени, сепак тоа не беше доволно ривалот да го запре нашиот тим, но и турците се радуваа затоа што го освоија првото место во групата Ц и ќе играат на еврошампионатот во Полска, Чешка, Естонија и во Финска.

Со три победи и со девет бода на турнирот во арената СЦ „Борист Трајковски“, македонските одбојкари имаа ист ефект како и турците, кои се првопласирани поради подобар сет-количник. Ние сме најдобри второпласирани од три завршени групи досега, така што не постои теорија која би попречила да играме на Европското првенство 2021 година планирано во терминот од 15-ти август до 30-ти септември.

Вторпат по ред, македонската одбојка слави пласман на континентален самит. Со јубилејната 70-та победа во официјалните 152 натпревара, ние сме во престижното друштво. Повторно голема радост за македонската нација. Македонија на Европскооооооо!

Извор: Одбојкарска федерација на Македонија

ShareTweet
Претходна вест

Нацијата згрозена и загрижена за бездушната репрезентација

Следна вест

Јован Стојоски втор и со личен рекорд на првенство во сала

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

(Видео) Партнерката во нападот на Андонова даде гол со ,,Ножички”
Спорт

(Видео) Партнерката во нападот на Андонова даде гол со ,,Ножички”

✏️ Предраг Јанчески
02/Мар/2021
(Видео) Три бода, црвен картон и физички нападнат Ангелов во Романија
Спорт

(Видео) Три бода, црвен картон и физички нападнат Ангелов во Романија

✏️ Предраг Јанчески
02/Мар/2021
Џио Струмица не дозволи пресврт и победи во голем стил
Спорт

Џио Струмица не дозволи пресврт и победи во голем стил

✏️ Предраг Јанчески
02/Мар/2021
Шест ракометарки на Стружанка дел од филтерот на кадетската репрезентација
Ракомет

Шест ракометарки на Стружанка дел од филтерот на кадетската репрезентација

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Мар/2021
Следна вест
Јован Стојоски втор и со личен рекорд на првенство во сала

Јован Стојоски втор и со личен рекорд на првенство во сала

Последно

(Видео) Партнерката во нападот на Андонова даде гол со ,,Ножички”

(Видео) Три бода, црвен картон и физички нападнат Ангелов во Романија

Џио Струмица не дозволи пресврт и победи во голем стил

Шест ракометарки на Стружанка дел од филтерот на кадетската репрезентација

(ВИДЕО) Логинов и Јерг ги одбранија титулите на СП во Рогла

Костески: Имаме втора шанса за пропуштеното против Кадетен

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.