Англискиот менаџер, 73-годишниот Хари Реднап е во игра за местото селектор на Нигерија. Министерството за Спорт на Нигерија го подржува овој стручњак за селектор на нивната репрезентација, додека фудбалскиот сојуз сака да го продолжи договорот со сегашниот селектор. Ако министерството и сојузот се согласат може да се случи Реднап да седне на клупата на Нигерија.
Англичанецот до сега имал можност само еднаш да води репрезентација и тоа селекцијата на Јордан, додека клупската историја му е богата, бидејќи беше менаџер на Тотенхем, Вест Хем, КПР, Саутемптон, Бурнемаут, Дерби Каунти и многу други англиски клубови.



