Ред Бул е гигант во светскиот бизнис, а воедно и спонзор на многу екстремни спортови, а најмногу е познат во вложувањата во Формула 1 спортот, а посебно во фудбалот. Ред Бул под свое ги има клубовите Салзбург (Австрија), Лајпцинг (Германија), Њу Јорк (Сад), а спонзорира и клубови во Бразил и Гана.
Следна дестинација се чини ќе биде Русија и клубот УФА. Рускиот клуб се надева дека ќе дојде до договор и дека во блиска иднина ќе бидат респектабилен клуб со стабилен спонзор.
Секако Ред Бул работи професионално со вложување во академија каде што работаат врвни стручњаци, а потоа од таму произлегуваат квалитетни фудбалери кои вредат многу на фудбалскиот пазар.



