Во јуни му завршува позајмицата на Игало од Шангај Шенхуа во Манчестер Јунајтед. Англичаните бараат нова позајмица, додека кинезите сакаат обештетување на име на играч.
Ако не се договорат двете страни, нигерискиот напаѓач ќе потпише нов договор со Шангај Шенхуа вреден 28 милиони евра и ќе биде еден од најплатените светски фудбалери.Игало за Црвените ѓаволи одигра осум натпревари при што постигна четири погодоци.



