Идното лето му завршува договорот на Лука Модрич во Реал Мадрид, а тој посакува по секоја цена да остане во тимот барем уште една сезона и да ја заврши кариерата во кралскиот клуб.
Хрватскиот репрезентативец има плата од 15 милиони евра и е спремен на драстично намалување на примањата само да биде дел од клубот. Модрич освои се што можеше да се освои на клупско ниво со кралевите.



