Герет Бејл ова лето од Реал Мадрид премина во Тотенхем чиј член беше во 2007 година и во тој дрес остана шест сезони, а потоа за високо обештетување од 101 милион евра премина во кралскиот клуб.
Иако Велшанецот не играше премногу во Реал Мадрид сепак ја одржал формата на многу високо ниво и тренерите во Тотенхем се презадоволни и очекуваат дури наредниот викенд Бејл да дебитира против Вест Хем.



