Тампа Беј Рејс се последните овосезонски финалисти во МЛБ, откако, во четврт-финалната серија, ги елиминираа славните Њујорк Јенкис со вкупни 3-2.
Имено, ,,мајсторката” беше одиграна синоќа и заврши со 2-1 во корист на Тампа Беј.
Сите три поени на мечот беа хоум-рани без претходно освоени бази.
За Јенкис поентира Арон Џаџ во четвртиот ининг за водство од 0-1, додека за Рејс погодија Остин Медоус и Мајк Брусо во петтата и во осмата деветина.
Во полуфиналето, Тампа Беј ќе ги одмери силите со актуелните вицешампиони – Хјустон Астрос.