Контровезниот агент Мино Рајола во разговор со весникот „Тутоспорт“ вели дека Пол Погба наскоро ќе го напушти Манчестер Јунајтед. Погба има договор со „Црвените ѓаволи“ до летото 2022 година, но за повеќе од четири години во клубот, тој не ги оправда очекувањата.
Рајола не прецизираше дали Погба ќе си замине од „Олд Трафорд“ во јануари, но потвди дека двете страни ќе се разделат. Најсилен интерес за Погба покажуваат Реал Мадрид и Јувентус, а играчот на лето влегува во последната година од договорот.



