По 12 одиграни кола, бугарската фудбалска федерација го прекина женскиот прволигашки фудбал поради зголемен ризик и заболени од коронавирусот во Бугарија и од таа причина решено е да се стави предвремен крај на првата натпреварувачка полусезона и да се чека позитивна разврска околу Ковид19.
Во бугарскиот шампионат имаме две македонски интернационалки и тоа голманката Викторија Донева која што игра во шампионот НСА Софија и репрезентативниот напаѓач Ели Јаковска која што игра во тимот на Локомотив од Стара Загора.

Јаковска принудно се врати во Македонија во нејзиниот роден град Пробиштип, ќе продолжи со индивидуални тренинзи и ќе чека разврска од нејзиниот клуб Локомотив и започнување со натпревари во првенството во Бугарија.



