Фаворитите за медал Русија и Норвешка играат според нивниот план и по две одиграни кола имаат максимални две победи. Во второ коло Русија беше подобра со 30:26 над Шведска на полувреме беше 15:13.
Во победничкиот руски табор најефикасна заврши Дарија Дмитриева со 6 гола, додека кај швеѓанките исто така 6 гола имаше Торлејсдотир. вториот фаворит на првенството репрезентацијата на Норевшка дојде до победа над Романија со 28:20 на полувреме беше реми со 13:13.
Во тимот на Норвешка најдобар стрелец беше Камила Херем со 6 гола, додека во поразеанта репрезентација на Романија исто 6 гола имаше Остасе. Најнеизвесен натпревар од ова коло беше мечот помеѓу Германија и Полска кој заврши со 21:21, иако на полувреме германките имаа еден гол позитива од 9:8. Додека Шпанија триумфира со 27:24 над Чешка.



