
Англискиот велигденски викенд беше отворен со дербито на Чемпионшип помеѓу Милвол и Лутон.
Имено, двете екипи одиграа нерешено со 0-0 на преполниот стадион ,,Ден” во Лондон во рамките на четириесеттото коло.
Низ историјата, ова беше вкупно осумдесет и осми меѓусебен дуел и јубилеен триесетти, односно трет во низа, кој завршил со реми.
На теренот, Милвол беше за нијанса подобар тим, но на гостинскиот фол стоеше Итан Хорват, кој запиша четири интервенции.
На табелата, Лутон остана на третото, а Милвол на петтото место со реални шанси за пласман во плејофот.
Од овој резултат, голем профит има Барнли, кој вечерва, со победа против Мидлсброу, би изборил сигурно враќање назад во Премиер лигата.