Струга славеше лесна победа дома над Скопје со 31:25. Победникот беше решен уште во првите 10.минути кога домаќинот поведе фуриозно со 10:1.
Прво име на натпреварот беше голманот Тутенкоски со 17 одбрани, додека во нападот најефикасни во Струга беа Лазаревиќ со 8, Бугариновиќ со 7 погодоци и Никола Цветаноски со 5 гола. Кај гостите најдобар беше Марио Мишевски со 10 погоодци.