
Одличниот старт на Норт Мелбурн Кенгарус и надежната сезона на Карлтон Блус придонесоа ,,Марвел Стадиум” да ја добие најголемата посетеност (49 062) во последните десет години.
Имено, во увертирата на четвртото коло од новата АФЛ кампања, Блус ги поразија Кенгарус со (11.18) 84-107 (16.11) и дојдоа до најдобриот клупски почеток уште од 1995.
Во првото полувреме, двете екипи приредија изедначена партија, но квалитетот на номиналните гости дојде до израз во третата четвртина со серијата од 37-2.
Од победничките редови, неверојатно издание прикажаа Чарли Карноу (6.2) и Хари МекКај (4.1), кои заедно комбинираа за 63 поени.
Кај ,,Кенгурите”, најдобриот голгетер, Ник Ларки, доживеа повреда и во отсуство на неговото најдобро светло, најефикасни беа Камерон Зурхаар (3.4) и Џејдин Стивенсон (3.0).
На табелата, Карлтон скокна на првото место, а Норт Мелбурн остана на осмата позиција.