Салават Јулаев Уфа и Металург Магнитогорск продолжија со наизменичната серија на меѓусебни победи, која сега се состои од шест средби.
Откако Уфа славеше со 4-2 на претходниот меч, денес Металург беше подобар со 3-2.
Во првите тринаесет минути, Артјом Земчјонок и Николај Прохоркин им донесоа предност од 2-0 на ,,Лисиците”, а заклучно со вториот период, гостите израмнија преку Маркус Гранлунд и Александер Алексејев.
Конечниот резултат го постави Филип Холм во третата третина, со својот дебитантски погодок во дресот на Металург.
По натпреварот, двете екипи останаа на третото и на четвртото место на Истокот, но, со новите два поени, Металург се доближи до второпласираниот Авангард Омск.
📸 HC Salavat Yulaev