Четвртиот овосезонски велеслалом, односно прв во 2021 година, од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција се одржа денес во словенечкиот ски-центар Крањска Гора.
До третата победа сезонава, во оваа дисциплина, дојде Италијанката Марта Басино (2:11,90), којашто водеше и после првата серија.
Единствена конкурентка со заостаток под една секунда беше искусната Теса Ворли (+0,80) на второто место, додека подиумот го заокружи Мишел Жизен (+1,46).
Петра Влхова имаше неколку ситни грешки во втората серија и го изгуби подиумот за само дванаесет илјадинки или +1,58 во однос на Басино.
Сите останати имаа поголем заостаток од две секунди, а најбрзи од нив беа: Федерика Брињоне (+2,10), Микаела Шифрин (+2,18), Рамона Зибенхофер (+2,54), Лара Гут-Бехрами (+2,85), Мета Хроват (+2,97) и Марина Гасиеница Даниел (+3,49).
📸 Alexis Boichard/Agence Zoom/Getty Images