Екипата на Бирмингем Сити успеа да ја забележи шестата овосезонска победа, откако, во увертирата на 24. коло од англискиот Чемпионшип, го совлада Мидлсброу со 0-1.
Бирмингем покажа посолидна игра во текот на мечот, а покрај поништениот гол, не доби пенал во второто полувреме.
Сепак, тоа не ги спречи ,,Сините” да дојдат до трите поени бидејќи Скот Хоган (26′) ја затресе мрежата на Маркус Бетинели после одличната акција на своите соиграчи.
Ирецот, со денешниот погодок, стана најдобар стрелец на Бирмингем со само три голови.
За тренерите, Аитор Каранка и Нил Ворнок, ова беше четврти меѓусебен дуел и прва победа за Шпанецот.
Во моментот, Бирмингем скокна до осумнаесеттата позиција, додека Мидлсброу е седми, но и двете екипи имаат натпревар повеќе во однос на конкурентите.
📸 PA