Одкако одби неколку понуди од Српската Суперлига и неколку понуди од странство и ја препозна амбициозноста на тетовскиот проект и клубот на ЖФК Љуботен, довчерашната членка на српски ЖФК Рад од Србија, Анѓела Миловановиќ е ангажирана за ново засилување на тимот.

Миловановиќ има 21-година и во Србија е позната како АМ11, а во својата кариера освен за Рад има настапувано за ЖФК Херој и ЖФК Слога Земун. Фудбалерката е универзален играч од средниот ред, која има карактеристика на голем борец воедно и креативец на теренот. Уште еднаш спортскиот директор, Небојша Бреѓан одлично си ја заврши својата работа околу реализацијата и на овој трансфер.

Фото: ЖФК Љуботен – Тетово Официјална Страна



