Екипата на Цвикау, за која настапува македонската ракометарка Симона Стојковска, продолжува со фантастичните партии во втората Бундеслига и синоќа ја запиша една од најзначајните победи во досегашниот дел од шампионатот.
Цвикау со убедливи 33:25 славеше над Солинген, а овие три бода, како и поразот на Берлин, донесоа и скок на бундеслигашката табела и сега тимот на нашата ракометарка е лидер со 31 бод и моментално е во најповолна ситуација за влез во германската ракометна елита. И на овој натпревар повторно блесна Стојковска, која имаше брилијантен настап и со своите 8 гола беше најзаслужна за победата на својата екипа.



