
Во почетниот термин на 36. коло од англискиот Чемпионшип, Шефилд Јунајтед и Нотингем Форест ремизираа со 1-1 на ,,Брамал Лејн”.
Во првото полувреме, гостите имаа шанса за отворање на резултатот, но голманот Вес Фодерингам успешно го одбрани ударот од белата точка на Бренан Џонсон.
Во 69. минута, најдобриот стрелец во историјата на Чемпионшип, Били Шарп, го ,,казни” промашениот пенал и му донесе водство на Шефилд Јунајтед.
Иако се чинеше дека трите бодови ќе останат во Јоркшир, на сцена стапи Рајан Јејтс (90+5′), кој донесе израмнување и радост за навивачите на Нотингем.
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Шефилд Јунајтед изби на шестото, а Нотингем на осмото место.