Италија – Шпанија, вечер со почеток од 21 часот е првата полуфинална пресметка на Европското првенство која ќе го даде и првиот финалист.
Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Луис Енрике изјави:
“Ми се допаѓа Италија. Секогаш барм време за да ја посетам. Убаво е да се игра против Италија, ќе се сретнеме повторно и во октомври, во Лигата на нации, за мене секогаш е чест кога одам таму. Ако победиме утре, ќе биде одлично за нас, но ако Италија го стори тоа, на фер и правилен начин, ќе навивам за нив во финалето.“