АЕК Атина ја освои шампионската титула во грчкиот ракометен шампионат откако славеше и на вториот натпревар во финалето против ПАОК со 32-35. За екипата на ПАОК брани искусниот Македонски голман Виктор Гигов.
Натпреварот во регуларниот дел заврши 29-29, па мораше да се играат продолженија кои завршија со 32-35 во корист на АЕК кој се закити со титулата.