Пред малку беше промовиран новиот ракометен клуб во Македонија кој ќе го носи името РК Алкалоид. Зад клубот стојат претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и селекторот Кире Лазаров. Алкалоид наесен ќе игра во првата македонска лига.
„Ова е проект за доброто на македонскиот ракомет. Чест и задоволство ми е да бидам дел од овој проект. Заедно со Алкалоид ќе работиме за доброто на македонскиот ракомет и спорт. – изјави селекторот Лазаров