
На квалификациите во пресрет на вториот натпреварувачки викенд од Светскиот куп, во Рука, Финска, убедливо најдобар беше Рјоју Кобајаши.
Јапонецот го имаше најдалечниот скок на денот од 147 метри, доволен за освојување на првата позиција.
Единствен, освен победникот, кој прескокна 140 метри беше второпласираниот Даниел Хубер (141,5), додека на третата позиција заврши Пиус Пашке.
Пласман во првите десетмина изборија уште: Наоки Накамура, Штефан Крафт, Карл Гајгер, Јан Херл, Маркус Ајзенбихлер, Роберт Јохансон и Тими Зајц.
Актуелниот шампион и победник на претходното натпреварување во Нижњи Тагил, Халвор Егнер Гранеруд, го приреди најголемото разочарување бидејќи не успеа да избори квалификација во утрешната прва рунда.