
Натпреварувачкиот викенд во германскиот Хинтерцартен, од Светскиот куп во ски скокови во женска конкуренција, започна со денешната ноќна трка.
На неа, до четвртата победа во сезоната дојде домашната претставничка, Катарина Алтхаус, која потполно издоминира во двете серии.
На втората позиција се искачи Словенката Ема Клинец, а третопласирана беше Сара Таканаши од Јапонија.
Во продолжение, во првите десет се најдоа уште: Кјара Кројцер, Јуки Ито, Ки Лиу, Јука Сето, Ана Одине Стром, Ника Крижнар и Марен Лундби.




