Со денешниот меч против Лутон, тренерот на Мидлсброу, Нил Ворнок, стана рекордер по број на предводени средби во англискиот фудбал со 1602 партии.
Иако сè тргна според очекуваното, односно со голот на Џошуа Кобурн (15′) за водство на тимот на Ворнок, Лутон сепак славеше со 3-1.
За ,,Шеширџиите”, ова беше прва меѓусебна победа на домашен терен после 15 октомври 1994, кога славеа со 5-1.
Истата беше остварена на експресен начин, односно со погодоците на Сони Бредли (57′), на Елајџа Адебајо (60′) и на Хари Кормик (62′) во интервал од само пет минути.
Непосредно по натпреварот, Лутон скокна во плејоф-зоната на шестото место, додека Мидлсброу падна на четиринаесеттата позиција.