Еден од најстарите англиски фудбалски клубови, Бакстон ФК, основан во далечната 1877, избори пласман во првата рунда од ФА Купот за првпат после 58 години.
Исто така, популарните Бакс се непоразени во првите четиринаесет средби од седмата лига (девет победи и пет ремија), израмнувајќи ја најдолгата клупска серија без пораз после 63 години.
Сепак, првиот тренер, Гери Хејвард и неговиот помошник, Марк Ворд добија експресен отказ поради бизарна причина.
Во изјавата на асистентот Ворд е наведено:
,,Заедно со други фамилии закажавме одмор, кој беше откажан повеќе пати поради пандемијата. Истиот треба да биде искористен до крајот на годината или ќе загубиме многу пари. После изминатите 18 месеци со глобална пандемија, ова беше единствена шанса да одиме сите заедно. За жал, се погоди во многу важен викенд за клубот. Јас бев уништен што ќе пропуштам таков натпревар, но сепак ја ставам фамилијата на прво место.”
Имено, двајцата стратези, наместо да го предводат клубот на 6 ноември против Јорк во ФА Купот, одлучија да заминат на семејно патување.
Од клубот, на официјалниот Твитер профил, беше објавено само заминувањето на Хејвард и на Ворд, а подетални информации ќе следуваат во среда наутро.