вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Лука Дончиќ промовиран во најдобар играч во НБА кој доаѓа од Европа

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
јануари 3, 2021
📁 Кошарка, Спорт

Традиционално, сега веќе 17. година по ред, една од најугледните кошаркарски „страници“ на Стариот континент, „Евробаскет“ го направи својот избор на најдобрите во кошарката за тековната година.

„Евробаскет“ направи избор и го подели на два дела и тоа: Категории „европски“ (играчи кои моментално настапуваат во Европа), и „сеевропски“, во кој се вклучени и европските претставници како и играчи надвор од границите на европскиот континент, кои во најголем дел играат во најсилната лига на светот – НБА.

Младиот Словенец во својата трета сезона во Далас, се промовира себеси во најдобрите европски играчи во најсилната лига на светот. Словенечкиот „дијамант“ дојде до неверојатен просек од скоро 30.поени по натпревар, лани беше трет додавач во лигата со просек од 8.8 асистенции, а имаше и 9.4 скокови по меч и беше многу блиску до „троен ефект“, што е вистинско, ретко остварување за еден така млад играч.

Неговиот репрезентативен соиграч, Горан Драгич ја држи втората бековска позиција-плејмејкерската. Искусниот Словенец го водеше Мајами до големото финале на НБА лигата кое се играше во „балонот“ во Орландо. Повредата го спречи да не ги одигра сите мечеви од финалната серија со ЛА Лејкерс, која Хит ја загуби со вкупни 2:4. Во својата 13. НБА сезона, имаше просек од 16.8 поени, 4.9 асистенции и 3.4 скока на еден натпревар.

Шеста година по ред Јанис Адетокумпо е прогласуван за најдобро се-европско крило. Минатата сезона по втор пат ја доби и главната индивидуална награда – МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, но не успеа во главниот план со Милвоки Бакс да дојде до титулата во НБА.

ИЗБОРОТ НА ЕВРОБАСКЕТ

Се-европски играч на годината: Лука Дончиќ (Далас)

Се-европски бек на годината: Лука Дончиќ (Далас)

Се-европски бек-шутер на годината: Горан Драгич (Мајами)

Се-европско ниско крило на годината: Јанис Адетокумпо (Милвоки)

Се-европско силно крило на годината: Никола Миротиќ (Барселона)

Се-европски центар на годината: Никола Јокиќ (Денвер)

ПРВА СЕ-ЕВРОПСКА ПЕТОРКА

Горан Драгич (Мајами)

Лука Дончиќ (Далас Маверикс)

Јанис Адетокумпо (Милвоки)

Никола Миротиќ (Барселона)

Никола Јокиќ (Денвер)

ВТОРА СЕ-ЕВРОПСКА ПЕТОРКА

Василије Мициќ (Анадолу Ефес)

Еван Фурние (Орландо)

Бојан Богдановиќ (Јута)

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Торнике Шенгелија (Баскониа/ЦСКА)

Руди Гобер (Јута)

ОСОБЕН ПРИДОНЕС

Денис Шродер (Оклахома/ЛА Лејкерс)

Богдан Богдановиќ (Сакраменто/Алтланта)

Владимир Лучиќ (Баерн Минхен)

Данило Галинари (Оклахома/Атланта)

Никола Вучевиќ (Орландо).

Извор: https://kfsm.mk/

ShareTweet
Претходна вест

Кугарс загуби по две продолженија, Јакимовски со поентерски рекорд

Следна вест

(Фото) ФФМ го одреди трансфер периодот за фудбалери (мажи/жени)

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички
Кошарка

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Ное/2026
Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Следна вест

(Фото) ФФМ го одреди трансфер периодот за фудбалери (мажи/жени)

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.