Во дуелот на на двете најдобри екипи во дивизијата Пацифик-12, триумфираше Аризона со 86:82 над Вашингтон Стејт Кугарс, по две продолженија, откако во регуларниот дел од играта резултатот беше 70:70, а по првото продолжение 76:76.
Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски одигра уште еден одличен натпревар. Стигна до нов поентерски личен рекорд. Забележа 15. поени, а одигра 42 минути што, исто така, е најдолго време поминато на терен за него. При тоа Јакимовски придодаде и 8 скока и една асистенција.
Извор и фото: https://kfsm.mk/