Фудбалската Федерација на Македонија информира дека од 15 јануари, 2021 година започнува зимскиот преоден рок за фудбалери (мажи/жени) и истиот ќе трае до 11 фeвруари, 2021 година.
При тоа ФФМ информира клубовите своите барања за сертификати за професионални и аматерски фудбалери да ги постават на ФИФА ТМС платформата и испратат информација до оддел за ТМС на ФФМ најкасно до 14 часот на 11 февруари, 2021 година за да има доволно време за обработка на барањата.