Легендарното француско десно крило, Лук Абало требаше оваа сезона да се пензионира, но поради коронавирусот и преместувањето на ЛОИ во Токио во 2021 година, Абало кој во септември ќе наполни 36-години одлучи да настапува за норвешки Елверум кој претежно игра со млади играчи, но се решија и за искуство се со цел напредок на помладите ракометари во тимот. Абало со овој потег сака да го убеди францускиот селектор дека заслужува место во Олимпискиот тим на Франција.



