Одличниот грчки плејмејкер, Ник Калатес кој настапува за атински Панатинаикос, чека уште службено ова лето да му заврши договорот со тимот и да ја смени играчката средина, каде што е пред потпис на тригодишен договор со Барселона. Во наредниот период се очекува нови заминувања од Панатинаикос поради изборот на нов тренер во името на Георгос Воворас.