Натпреварот од данската Супер лига од 21 коло помеѓу Архус и Рандерс се одигра со виртуелни трибини каде што на рекламните паноа има дисплеи и навивачите од своите домови ги следат натпреварите, а фудбалерите на терен можат да ги слушнат коментарите на фановите и на тој начин да почуствуваат навивачка атмосфера.

Со оваа идеја данците го одушевија фудбалскиот свет, а на социјалните мрежи се појавија фотографии како навивачите го следат натпреварот и при тоа имаат визуелен контакт со фудбалерите.




