
Петтата победа во досегашниот тек од сезоната на Светскиот куп во санкање ја запиша Јоханес Лудвиг, кој славеше на домашен терен во Оберхоф, Германија.
Имено, Германецот (1:25,069) постави рекорд на патеката во првата серија (42,554), а во вториот дел го поправи најдоброто време во Оберхоф (42,515).
Новите сто поени му ја донесоа на Лудвиг и првата титула во кариерата во Светскиот куп, иако до крајот има уште една трка во Ст. Моритц, Швајцарија.
Подиумот на денешното натпреварување го комплетираа уште двајца домашни санкачи, односно Макс Лангенан (+0,304) и Феликс Лох (+0,316).
Во продолжение следуваа четворица претставници на Австрија – Нико Глајршер (+0,412), Волфганг Киндл (+0,451), Јонас Милер (+0,553) и Давид Глајршер (+0,610).




