
Второто екипно мешано натпреварување во паралелен велеслалом од тековната сезона на Светскиот куп во сноуборд се одржа во Симонхое, Австрија.
Домашната селекција, Австрија 3, во состав на Александер Пајер и на Сабине Шофман, триумфираше на трката, носејќи и’ второ славје на алпската држава во сезоната, по воведниот триумф на четвртиот тим.
Во финалето, поразен беше тимот на Германија 2, откако Штефан Баумајстер имаше мал заостаток, а Мелани Хохрајтер не стигна до целта.
Во малото финале, Јужна Кореја 1 беше подобра од Русија 3 за само две стотинки и го освои бронзениот медал.
За азиската селекција настапија лидерот кај мажите, Санг-хо Ли и Хаерим Јонг, додека Андре Соболев и Полина Смоленцова беа најдобар руски пар.




