Фудбалерите на Фиорентина на неверојатен начин загубија на гостувањето во Милано против тимот на Интер со резултат од 4:3. Во ефикасен и возбудлив меч први поведоа токму виолетовите со голот на Куаме, за потоа Интер да направи пресврт од 2:1 со головите на Лоутаро Мартинез и автоголот на Чечерини.
Нов пресврт се случи овој пат за гостите за водство од 2:3 со погодоците на Кастровили и Киеза. Сепак домашните стигнаа до победа и големи три бода со стрелците Лукаку и Дамброзио кои на Интер му носат триумф од 4:3.



