Седмо коло од Прва ЖФЛ на лизгав и калив терен каде што домашната екипа на ЖФК Речица одигра реми со резултат од 2:2 на полувреме 0:1 против струмичка ЖФК Тиверија.
Гостинската екипа настапи со кадетско-младинска екипа поради заразените од КОВИД19 меѓу кои и репрезентативките па талентираната млада струмичка екипа во склоп на своите можности одиигра храбро и стигна до бод.
Домашната екипа исто така има млада но и квалитетна екипа па бодот на вој меч е сосема заслужен и ќе биде голем поттик за оваа екипа и на преостанатите натпревари во првенството да постигнуваат позитивни резултати.
Теренот беше тежок за игра, но сепак двете екипи одиграа борбено и квалитетно во фер и коректен натпревар. Стрелец на двата гола за ЖФК Речица беше Јасмина Јовановска, додека за ЖФК Тиверија два гола постигна Слаѓана Ѓорѓиева.



