Екс голманот на Вардар и привремен репрезентативец на Србија, Страхиња Милиќ или попознат по прекарот Џамбо повторно се врати помеѓу стативите по двегодишна пауза. Голманот сега брани за Партизан кој загуби натпревар од Динамо од Панчево, а Милиќ како резервен голман стигна до одлични шест одбрани.
Џамбо во 2017 година беше и европски првак со Вардар, инаку во минатото важеше за перспективен голман кој на 16 годишна возраст доби шанса да игра за Кил, но како одминуваа годините тој не успеа да ги достигне прогнозите на стручњаците, а во кариерата води и борба и со вишокот на килограмите.



