недела, декември 3, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Луда завршница во Чемпионшип, ВБА во ПЛ, Свонси во плејоф

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јули 22, 2020
📁 Спорт, Фудбал

Последното коло од овогодинешната Чемпионшип сезона ги донесе најголемите можни возбудувања. Иако шампионот беше познат уште пред стартот на 46. коло, денес се одлучија директните патници во Премиер лигата, патниците во плејофот и патниците во Лиг 1.

Освен Лидс, старо-нов премиерлигаш ќе биде ВБА кој со ремито од 2-2 против КПР си ја загарантира втората позиција. Од голема полза на фудбалерите на Славен Билиќ беше изненадувачкиот пораз на Брентфорд од Барнсли од 1-2 на последниот натпревар одигран на „Грифин Парк“.

Освен Брентфорд, во плејофот се квалификуваа и Фулам, Кардиф и Свонси. Свонси во последното коло избори победа од 1-4 против Рединг, а во плејофот се најде благодарение на еден гол подобра гол-разлика во однос на Нотингем кој загуби со 1-4 од Стоук.

Со победата над Брентфорд, Барнсли успеа да избори опстанок и тоа поради дванаесетте одземени поени на Виган, кој провизорно би требало да ја заврши сезоната на тринаесеттото место. Во Лиг 1, наредната сезона ќе се натпреваруваат Хал Сити, Виган и Чарлтон. Уште една екипа којашто обезбеди опстанок во Чемпионшип и за наредната сезона е новајлијата Лутон кој беше делумно отпишан пред неколку кола.

Резултати од 46. коло:

Бирмингем 1-3 Дерби
Брентфорд 1-2 Барнсли
Бристол Сити 1-1 Престон
Кардиф 3-0 Хал Сити
Лидс 4-0 Чарлтон
Лутон 3-2 Блекбурн
Милвол 4-1 Хадерсфилд
Нотингем 1-4 Стоук
Рединг 1-4 Свонси
Шефилд Венздеј 1-2 Мидлсброу
ВБА 2-2 КПР
Виган 1-1 Фулам

Tags: англијаФудбалЧемпионшип
ShareTweet
Претходна вест

Тетекс прави фузија со Лабуништа и ќе биде второлигаш

Следна вест

Во директен дуел со Олимпија, Цеље дојде до првата лигашка титула

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Киплагат од Кенија е победник, Ивановски фантастичен на 3. место (Скопски маратон)
Останато

Дарио Ивановски е неверојатен! Постави нов македонски рекорд во маратон

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
03/Дек/2023
Митревски донесе победа со 44,44% процент на одбрани
Ракомет

“Октоподот” Mитревски со 18 одбрани донесе победа

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
03/Дек/2023
Ракомет

ВО ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Пролет

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
02/Дек/2023
(Галерија) Драматичниот натпревар помеѓу Струга и Гуиф низ фотографии
Ракомет

ВО ЖИВО: Еурофарм Пелистер 2 – Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
02/Дек/2023
Следна вест

Во директен дуел со Олимпија, Цеље дојде до првата лигашка титула

Последно

Дарио Ивановски е неверојатен! Постави нов македонски рекорд во маратон

“Октоподот” Mитревски со 18 одбрани донесе победа

ВО ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Пролет

ВО ЖИВО: Еурофарм Пелистер 2 – Струга

Фудбалски клуб заработи 10. милиони евра од продажба на пиво на стадион

(Видео)javisejuzna.mk ви го претставува “шведскиот” талент кој ќе игра за Македонија

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.