Тетекс кој досега двапати го освои Македонскиот куп повторно ќе биде второлигаш, откако екипата од Тетово направи фузија со Лабуништа и така ја искористи шансата да избега од Третата лига.
Клубот на стартот ќе игра со името Лабуништа 2011 Тетово до крајот на првиот дел од сезоната, а потоа ќе се преименува во Тетекс 1953.