Словенечката прва фудбалска лига ја доживеа својата кулминација во последното коло каде што се соочија Цеље и Олимпија Љубљана. Двете екипи во директен дуел во последното коло го одлучија новиот шампион на Словенија за првпат после 2002 година.
Цеље избори реми од 2-2 на домашен терен и покрај жестоките напади на гостинскиот состав во завршницата и дојде до својата прва лигашка титула во клупската историја.
Головите за новите шампиони ги постигнаа Керин (34′) и Визингер (64′), додека за Олимпија, двапати погоди поранешниот младинец на Дерби Каунти – Тими Елшник (58′ и 75′).
Од овој резултат, најголем губитник беше Олимпија којашто освен титулата го загуби и второто место поради послабата гол-разлика во однос на Марибор.
Од лигата уште од поодамна се знаеше дека ќе биде релегиран Рудар, а во плејаут ќе игра екипата на Триглав.



